Аница Лазиќ ѝ возврати на следбеничка што ја нарече спонзоруша

Anica Lazić
Актерката Аница Лазиќ јавно одговорила на следбеничка која ѝ испратила навредлива порака на Инстаграм. По објавите од тренинг во теретана, Лазиќ добила порака во која корисничката ја нарекла „спонзоруша“ и ја повикала да ги објасни своите зборови, пренесуваат српските медиуми. Лазиќ решила да ја сподели пораката со своите следбеници и да одговори јавно. Во видеоснимка раскажала дека се вратила дома од пазарување, а потоа влегла на Инстаграм и ја затекнала пораката од, како што ја нарекла, „дотична госпоѓа или госпоѓица“. „Еве, сега ви давам можност јавно да објасните зошто, според вас, јас сум спонзоруша“, ѝ порачала Аница на корисничката. Додала дека следбеничката на тој начин ги добила своите „пет минути“ и признала дека ретко се обраќа на ваков начин, но можеби ќе почне да го прави тоа почесто. Аница е во брак со актерот Лазар Ристовски, кој е 39 години постар од неа. Двојката се венчала во септември. Ристовски претходно бил во брак со актерката Даница Ристовски, со која има два сина. Лазиќ претходно зборувала и за тоа како се запознала со сопругот. Според нејзините зборови, меѓу нив немало посредник: „Лазар и јас се запознавме без никаков посредник, единствениот посредник беше Бог“.
Извор ↗