Тоше Проески оставил силен белег во Риека: донирал, настапувал и се дружел со обожавателите

Tose Proeski
Фотографии од посетата на Тоше Проески во Риека пред дваесет години повторно се споделуваат на социјалните мрежи. Фанот Давид Лукиќ ги објавил снимките во групата „Ве сакам, ве сакам, ве сакам“ и раскажал каде бил пејачот и со кого се сретнал за време на престојот во хрватскиот град. Според неговиот опис, Проески настапил во Двораната на младоста на Трсат, на настан по повод десетгодишнината на Приморско радио. Прошетал и по Корзо, а бил гостин во радиостудиото. Еден од најзначајните моменти од посетата бил неговиот одлазок во домот „Св. Ана“, кој им помага на жени и деца погодени од семејно насилство. Таму, како што наведува Лукиќ, пејачот доделил донација. Во текот на престојот Проески бил примен и кај тогашниот градоначалник на Риека, Војко Оберснел. Заедно со него и со тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, ги посетил просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ и се сретнал со македонските иселеници во Хрватска. Фанот потсетил и на средбите со публиката: во продавницата Dallas Music Shop Проески потпишувал плакати и ЦД-а и се фотографирал со обожавателите. Посетил повеќе места во градот, а по концертот присуствувал и на забава во конобата „Tarsa“. Според објавата, ноќта ја поминал во хотелот „Јадран“. Концертите биле организирани со помош на риечкиот музичар и продуцент Игор Вилхајм, кој со својата организација Happy Times соработувал со радиото. Лукиќ наведува дека во 2006 година Проески и Вилхајм станале блиски пријатели и дека двајцата имале голема меѓусебна почит. Во Риека, пејачот настапил на 1 јуни и повторно на 31 декември истата година.
Извор ↗